Скин мастер
Скин мастер е третман на лице кој се препорачува за секоја возраст и пол, и е особено погоден за личности со чувствителна кожа. Третманот се изведува со помош на апарат. Дел од апаратот, кој се нарекува ултразвучна шпатула се користи за чистење и директен контакт со кожата на лицето. Додека се работи овој третман , по секое поминување преку кожата на шпатулата остануваат комедони (т.н. митесери). Апаратот со ултразвучните вибрации ги исфрла комедоните од каналот (без непријатни стискања на митесери), а во исто време се отстранува тенок слој на површинските мртви клетки на кожата. По завршувањето на овој третман, на лицето се нанесува маска која што смирува, ја храни кожата и ги собира проширените пори. Третманот е апсолутно безболен и пријатен, трае околу 30 минути. После овој третман не се јавува никакво црвенило. Освен за редовно чистење на лицето со Скин мастер, се препорачува и како вовед во третманите за подмладување. Резултатите се веднаш видливи: чистота, затегнатост и свежина, како и подобрување на циркулацијата на крвта и влажноста на кожата. Третманот Скин мастер се прави во серија од три до шест третмани, еднаш или двапати неделно. |
|
Третмани за нормализирање на различни типови на кожа
Како основна нега на нашите клиенти, студио Virtus препорачува класични третмани на лице според типот на кожата, како што се: Третман на нормална кожа - времетраењето на третманот 90 минути - чистење и одржување на хидро-липидниот баланс на нормална кожа. За овој третман се користат препарати со азулен, масло од јојоба,,мед и витамин Б. Се препорачува на клиенти со нормална кожа кои сакаат редовна нега . Се прави еднаш месечно.
Третман на мрсна и проблематична кожа - времетраењето на третманот 90 минути – длабински ги чисти порите, смирува воспаление, ги санира несовршеностите и оштетувањата предизвикани од акни. Не ја суши и не ја иритира кожата. Редовната употреба дава одлични резултати и ја прави кожата здрава. Се користат производи со активни состојки на цинк, каолин, глина. Се препорачува на клиенти со масна кожа и кожа склона кон акни и мозолчиња. Се прави 1 до 2 пати месечно.
Третман на сува и зрела кожа - времетраењето на третманот 90 минути - хранливите материи на овој третман брзо ја ревитализираат кожата и го регенерираат хидро-липидниот слој. Се препорачува на клиентите со сува и зрела кожа. Активните состојки на овој третман се масло од кокос, хијалуронска киселина, екстракти од овошје. Се прави еднаш месечно.
Третман на чувствителна кожа и иритирана кожа - третман времетраење 90 минути – и дава смирувачко дејство на кожата Активните состојки на третманот се растителни масла, камилица, липа, афион, овошни екстракти и пантенол. Се препорачува на клиенти кои имаат тешкотии да најдат соодветна грижа. Се прави еднаш месечно.
|